ПочетнаКОМПАНИИ„Deutsche Telekom“ ја зголемува програмата за откуп на сопствени акции до 3...

„Deutsche Telekom“ ја зголемува програмата за откуп на сопствени акции до 3 милијарди евра

„Deutsche Telekom AG“, најголемиот телефонски оператор во Европа, ја зголеми програмата за откуп на сопствени акции на до 3 милијарди евра за 2026-та година, откако последниот финансиски извештај на компанијата ги исполни очекувањата на пазарот.

Планираните набавки на сопствени акции, кои вкупно ќе достигнат 5 милијарди долари во текот на годината, биле одобрени од Управниот одбор на состанокот одржан на 6-ти август. Целта е да се реагира на ниската вредност на акциите на компанијата.

Приходите во вториот квартал се зголемиле за 4,4 проценти, достигнувајќи 29,9 милијарди евра. Аналитичарите очекувале приходи од 30 милијарди евра.

Мнозинскиот удел на „Deutsche Telekom“ во американската компанија „T-Mobile US Inc“ ѝ помогна на компанијата во последните години да има подобри резултати од европските конкуренти, компензирајќи го силниот конкурентски притисок во Германија и низ Европа.

Компанијата ја зголеми прогнозата за слободниот паричен тек на околу 20 милијарди евра, во споредба со претходната проценка од над 19,8 милијарди евра, врз основа на добрите резултати на „T-Mobile“.

„Deutsche Telekom“ соопшти дека од почетокот на годината откупила сопствени акции во вредност од околу 1,2 милијарди евра. Акциите на компанијата оваа година изгубиле околу 1 процент од вредноста.

Извршниот директор Тим Хетгес постојано го зголемува уделот на „Deutsche Telekom“ во „T-Mobile“ и ја разгледува можноста за спојување кое би создало најголема телекомуникациска компанија во светот. Сепак, преговорите се во застој поради отпорот од страна на „T-Mobile“.

Во Германија, вкупните приходи на компанијата пораснале за 3,5 проценти и достигнале 6,5 милијарди евра во вториот квартал, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Германија останува еден од најтешките телекомуникациски пазари во Европа, каде четири оператори се борат за корисници. Бројот на оператори е намален на три на други пазари, како Велика Британија, Шпанија и Франција, по консолидацијата во секторот, нешто што компаниите го сметаат за подобар модел за проширување и инвестиции во мрежната инфраструктура.

Конкурентот на „Deutsche Telekom“, „Vodafone Group Plc“, во јуни пријави раст од 1,2 проценти на приходите од услуги во Германија.

Претходно, „T-Mobile US“ објави приходи за вториот квартал кои не ги исполнија очекувањата на аналитичарите поради скромниот раст на бројот на нови корисници.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП