ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПодгответе се: Следната година нè очекува посебен „iPhone“?

Подгответе се: Следната година нè очекува посебен „iPhone“?

„Apple“ наводно тестира поголеми екрани за специјален „iPhone“ кој би требало да биде претставен во 2027-ма година, по повод 20 години од лансирањето на првиот модел.

Според информациите на познатиот кинески инсајдер „Digital Chat Station“, „Apple“ во моментов тестира два нови екрани – едниот со дијагонала од околу 6,4 инчи, додека другиот достигнува речиси 7 инчи. Доколку информациите се покажат како точни, новиот уред би можел да има најголем екран во историјата на серијата „iPhone“.

За споредба, актуелниот „iPhone 17 Pro“ има екран од 6,3 инчи, додека „Pro Max“ користи панел од 6,9 инчи. Новите модели не би донеле драстично зголемување на големината, но би претставувале најголем екран што „Apple“ досега го понудил.

Нов дизајн речиси без рабови

Поголемиот екран би требало да биде проследен и со целосно освежен изглед на уредот. Гласините велат дека телефонот ќе има екран со исклучително тенки рамки и закривување на сите четири страни.

Наводно, „Apple“ веќе тестира слична технологија и кај годинешната генерација „iPhone“ телефони, што би можело да значи дека развојот на оваа технологија е при крај.

Се очекува односот на страните да остане ист како кај актуелните модели, па уредот би изгледал како зголемена верзија на денешниот дизајн, а не како целосно нов концепт.

Засега само гласини

Треба да се нагласи дека овие информации се базираат на објава од еден извор на кинеската социјална мрежа „Weibo“. „Apple“ официјално нема потврдено ништо, а плановите на компанијата можат значително да се променат до претставувањето на уредот.

Моделот по повод 20-годишнината се очекува дури во 2027-ма година, па овие информации засега треба да се гледаат како рани шпекулации, а не како потврдени факти.

Во меѓувреме, се очекува „Apple“ веќе следниот месец да ја претстави „iPhone“ генерацијата за 2026-та година, која според досегашните информации би требало да ги задржи истите големини на екраните како претходните модели.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП