ПочетнаЕКОНОМИЈАДенар анализа: Швајцарците со највисока плата, проверете каде се наоѓаат македонските работници!

Денар анализа: Швајцарците со највисока плата, проверете каде се наоѓаат македонските работници!

Оваа анализа е подготвена од официјални податоци од Европската статистика – ЕВРОСТАТ, но и од останати извори како од домашната статистика така и од официјални институции од државите кои се дел од ова истражување.

Во анализата на Денар се опфатени држави членки на Европската унија но и земји кои не се дел од овааа анализа. Секако на врвот освен моќната Швајцарија се и високо развиените држави од Западна Европа, но на ранг листата се ставени и земјите од нашето опкружување, од Западен Балкан. Сумите се движат од рекордни над пет илјади швајцарски франци па се до скромни 800 евра.

Да одиме со ред, на врвот на ранг листата се наоѓа Швајцарија, земја која не е дел од Европската унија каде што месечната плата се движи од 4 800 до 5 500 швајцарски франци. Втора на листата е Данска каде месечните примања изнесуваат 3200 до 4200 илјади евра. На оваа скала третото месото го има држава која не е членка на ЕУ, тоа е Норвешка каде платата се движи од 3200 до 4 100 евра. Следува Луксембург со 3800 плата на месечно ниво. Шведска ја формира првата петорка, во оваа држава платата се движи 2 800 до 3 600 евра.

Во Холандија Германија и Белгија месечните плати изнесуваат од 2500 евра до 3 300. Потоа, за стотина евра помалку се разликуваат по висината на платите во Австрија и Финска. Ирска и Франција имаат плати од 2 000 евра па се до 2 800 евра. Полска италија и Шпанија се со месечни плати кои се движат од 1500 до 2300 евра. Словенија и Грција имаат плати кои се движат од 1500 до 2 100 евра месечно. Во Хрватска 1200 до 1700 евра. Во Турција пак плататa според информациите кои ги обезбедивме се движат од 900 до 1500 евра.

Сега следуваат и најниските, значи тоа е знак дека доаѓаат податоците за Балканот. Највисока е во Романија со плати кои се движат од 900 до 1400 евра, потоа србија од 800 до 1200 евра. Во европска Бугарија износот е од 700 до 1200 евра. Во Босна и Херцеговина и Во Црна Гора идентични од 700 до 1100. Потоа следуваат трите послено рангирани држави. Албанија со плати од 600 до 900 евра, и на дното Косово и Македонија каде пресметките велат дека платите се движат од 500 до 850 евра.

Вака се движат сумите кои пред се ги заработуваат работниците во овие земји кои доаѓаат претежно од трудоинтензивните дејности како што се општи работници, вработени лица во фабрики, магационери, хигиеничари, логистика, обезбедување, градежен сектор.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП