ПочетнаАВТОБИЗНекогаш голема утка, денес голема надеж: „Audi A2“ се враќа во целосно...

Некогаш голема утка, денес голема надеж: „Audi A2“ се враќа во целосно ново издание! (ФОТО)

„Audi“ ја враќа ознаката „A2“, но овојпат како целосно електричен модел.

Новиот „Audi A2 E-Tron“ нема многу заедничко со оригиналот од 1999-та година, кој и покрај напредната технологија доживеа комерцијален неуспех поради високата производна цена.

За разлика од претходникот, новиот „A2 E-Tron“ е развиен на механичката платформа на моделот „Volkswagen ID.3 Neo“, што значително ги намалило трошоците за развој и го забрзало неговото пристигнување на пазарот.

Од „Audi“ тврдат дека „A2 E-Tron“ ќе биде најефикасниот автомобил што компанијата досега го произвела.

Проценетата потрошувачка изнесува само 12,8 kWh на 100 километри, додека коефициентот на отпор на воздух од 0,24 е најдобар резултат меѓу најмалите модели на „Audi“.

Овој податок се однесува на верзијата со дополнителен аеродинамички пакет.

Големо внимание е посветено на аеродинамиката. Автомобилот има целосно затворено подвозје, дополнителни спојлери, специјални насочувачи на воздухот околу тркалата и активни отвори за ладење на батеријата кои се отвораат само кога е потребно.

Погонот го сочинува електромотор поставен на задната оска со 188 коњски сили, додека енергијата ја обезбедува LFP батерија со капацитет од 61 kWh.

Се очекува подоцна да бидат понудени и посилни, но и послаби верзии.

„Audi“ сè уште нема официјално објавено колкава ќе биде автономијата, но се очекува таа да биде конкурентна благодарение на високата ефикасност на погонот.

Некои проценки велат дека идните верзии со поголема батерија би можеле да надминат 640 километри според WLTP циклусот.

Светската премиера на новиот „Audi A2 E-Tron“ е закажана за оваа есен, додека почетокот на продажбата во Европа се очекува кон крајот на годината или на почетокот на 2027-ма година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП