По двонеделниот раст на цените на дизелот и на бензините за утре се очекува намалување на горивата. Ваквите очекувања се пред се поради случувањата на светските берзи во последните седум дена. Владата ги намали акцизите за горивата, а регулаторот посочи дека во моментов не е проблем количината на суровата нафта, туку недостатокот на рафинерии да ја преработуваат таа нафта бидејки голем дел од нив биле уништени од војните низ светот. И покрај сето ова премиерот не заборави да потсети дека во Македонија и натаму се продаваат најевтините горива во регионот и пошироко.
Граѓаните и компаниите ја чекаат одлуката на Регулаторната комисија за енергетика да ги соопшти најновите цени на горивата во земјава. Според последните најави се очекува намалување на цените, но во колкав процент засега не се знае. На берзите е забележан пад вредноста на суровата нафта, но сега проблемот се лоцира во малиот број на рафинерии во однос на количината на сурова нафта која е пуштена на пазарот.
„Проблемот не е веќе во нафтата, нафта има многу. А ние уредуваме нафтени деривати, а не сурова нафта. Нафтени деривати, рафинериите не можат да произведат, многу од рафинериите се уништени со војните, како во Русија така и на Блискиот Исток. И сега на пазарот има недостаток на деривати а не на сурова нафта. “ изјави претседателот на регулаторна Ристов
Властите пак очекуваат дека глобалните случувања како и мерките кои се донесени за стабилизација на ценовните шокови ќе придонесат следната одлука на регулаторот да биде позитивна за граѓаните. Ова е изјавата на премиерот од пред неколку дена.
„Знаете дека на две недели се анализираат акцизите. Сега завршува втората половина на месецот, така што во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот и врз основа на тие параметри ќе се делува на цените на нафтените деривати. Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините. Но, она што е важно, е дека ова е берзански производ, сите ние државите купуваме од исто место, а ние како држава имаме убедливо најнисјка цена на дизел горивото и на безоловниот бензин во регионот, па и во Европа“, изјави премиерот Мицкоски.
Пред две недели цената на дизелот се зголеми за шест а горивата поскапеа за три денари. Минатата недела имавме нов раст на цените, дизелот поскапе за четири, а цената на 95ката и 98цата се зголеми за три денари. Актуелните цени се, литар дизел чини 98,5 денари, а бензините 93 денари, односно 95 денари за литар.
И.П



