ПочетнаЕКОНОМИЈАВластите се сетија на занаетчиите, скопските еснафи ќе добијат помош

Властите се сетија на занаетчиите, скопските еснафи ќе добијат помош

Занаетите се нераскинлив дел од традицијата, културата и идентитетот.

Низ вековите, вредните раце на нашите занаетчии создавале производи со душа, го пренесувале своето знаење од колено на колено и оставале трајна трага во развојот на нашите градови и чаршии. Тие се чувари на едно богато минато, но и значаен дел од нашата економска иднина. Властите, во случајот локалните од Град Скопје решија да ги поддржат занаетчиите, а со тоа и да ја зачуваат традицијата која е стара со векови. Комората на заетчии го поздравува овој потег на скопските власти.

Од град Скопје велат дека заедничка обврска е да ги поддржиме, да им помогнеме да опстојат и да создадеме услови нивните вештини да продолжат да живеат и кај идните генерации. Поради тоа Град Скопје објавува Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување.

„Право на учество имаат: Занаетчии со живеалиште на подрачјето на град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребна документација. Занаетчии кои во тековната година не користеле финансиски средства од Град Скопје“, велат од Град Скопје.

Според достапните информации, занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство и лица кои поседуваат занаетчиска дозвола и вршат занаетчиски дејности кои, според обработените податоци, бележат континуирано намалување на активноста. Амбициите на властите сега е со оваа мерка да се деде конкретна поддршка на луѓето кои со својот труд, знаење и посветеност ја чуваат автентичноста на Скопје. Целта е да не се дозволи старите занаети да останат само спомен од минатото.

„Да создадеме услови тие повторно да бидат ценети, препознатливи и привлечни за младите. Заедно да ги зачуваме занаетите, да ја зачуваме традицијата и да им ја пренесеме оваа вредност на генерациите што доаѓаат.“ додаваат од Град Скопје

Занаетчиите со години бараат поддршка од властите. Не само преку активните мерки за вработување за кои сметаат дека износот е многу мал. Занаетчиите бараат и средства од државата за покривање на трошоците кои ги имаат со практикантите, со учениците на кои им го пренесуваат знаењето, односно занаетот. Како едно од главните барања им е и да не плаќаат индустриска струја, туку да имаат поевтина трарифа бидејќи имаат образложение дека тие не се голема индустрија да плаќаат иста цена на струјата како големите фабрики.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП