ПочетнаКОМПАНИИ„Microsoft“ постави рекорд со раст од 450 милијарди долари за само еден...

„Microsoft“ постави рекорд со раст од 450 милијарди долари за само еден ден

„Microsoft“ постави нов рекорд на берзите, откако за само еден ден ја зголеми својата пазарна вредност за речиси половина билион долари – најголем еднодневен раст на пазарната капитализација во историјата.

Акциите на компанијата со седиште во Редмонд, сојузната држава Вашингтон, во четвртокот пораснаа за 16 проценти, што претставува нивен најголем дневен раст уште од октомври 2008-ма година. Со тоа, пазарната капитализација на „Microsoft“ се зголеми за околу 450 милијарди долари.

Овој резултат го надмина претходниот рекорд на „Nvidia“, која доби околу 440 милијарди долари пазарна вредност во еден ден, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за 90-дневна пауза на царинските мерки минатата година, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

Дневна промена на пазарната капитализација на „Microsoft“. Графикон: „Bloomberg LP“

Растот следуваше откако „Microsoft“ објави дека приходите од нејзиниот облачен сервис „Azure“ се зголемиле за 43 проценти во четвртиот фискален квартал, што е највисок раст од почетокот на 2022-ра година. Компанијата истовремено соопшти дека нема да ги менува планираните инвестиции и расходи за целата 2026-та година.

Зголемувањето на пазарната вредност од речиси половина билион долари е поголемо од вкупната пазарна капитализација на речиси 96 проценти од компаниите што се дел од индексот S&P 500, покажуваат анализите на „Bloomberg“.

Дополнително, еднодневниот раст на „Microsoft“ е поголем и од комбинираната вредност на 41 од најмалите компании во индексот, меѓу кои се „Domino’s Pizza“, „Clorox“ и „Hasbro“.

Вредноста што „Microsoft“ ја додаде за само еден ден е поголема и од целокупната пазарна капитализација на берзите во неколку држави, меѓу кои Јужна Африка, Турција, Финска и Виетнам.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП