ПочетнаАВТОБИЗДали критичарите погрешија? Првиот електричен „Ferrari“ веќе е распродаден!

Дали критичарите погрешија? Првиот електричен „Ferrari“ веќе е распродаден!

Првиот целосно електричен модел на „Ferrari“, наречен „Luce“, можеби не ги воодушеви љубителите на автомобили на социјалните мрежи, но тоа воопшто не ги поколеба купувачите.

И покрај бројните критики за дизајнот и одлуката на „Ferrari“ да влезе во ерата на електричната мобилност, речиси целото производство за првата година веќе е распродадено.

Ова покажува дека мислењето на јавноста не секогаш се совпаѓа со одлуките на клиентите кои се подготвени да издвојат стотици илјади евра за ексклузивен автомобил.

Според „Financial Times“, повикувајќи се на два извори запознаени со плановите на компанијата, „Ferrari“ планирал во првата година да произведе и продаде нешто помалку од 500 примероци од моделот „Luce“.

Истите извори наведуваат дека целото планирано производство за првата година било резервирано уште на почетокот на месецов, и покрај почетната цена од 550.000 евра, без пресметани даноци.

Иако „Ferrari“ ги демантираше тврдењата дека клиентите мора да го нарачаат „Luce“ за да го задржат својот привилегиран статус кај брендот, дел од аналитичарите сметаат дека токму тоа можело дополнително да ја поттикне побарувачката.

Наводно, дилерите добиле насоки да не вршат притисок врз долгогодишните колекционери на „Ferrari“, туку да се насочат кон нови, богати клиенти, особено во Кина и технолошките центри како Силициумската долина, каде електричните автомобили одамна се широко прифатени.

Судејќи според продажните резултати, ваквата стратегија засега дава позитивни резултати.

Според „Financial Times“, „Ferrari“ планира до 2030-та година да продаде околу 2.500 примероци од „Luce“, односно околу 600 возила годишно, што би претставувало приближно пет проценти од вкупната годишна продажба на компанијата.

Со тоа, „Ferrari“ јасно покажува дека смета на својата лојална база на богати купувачи, за кои ексклузивноста, технологијата и престижот имаат поголема тежина од реакциите на интернет.

Успешниот старт на „Luce“ би можел да биде важен показател дека и производителите на луксузни автомобили можат успешно да ја започнат транзицијата кон електрична мобилност.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП