ПочетнаКОМПАНИИПродолжува нагорниот тренд на раст на Македонски Телеком и во првата половина...

Продолжува нагорниот тренд на раст на Македонски Телеком и во првата половина од 2026 година

Македонски Телеком го продолжи нагорниот тренд на раст и на инвестиции во иновации и инфраструктура во првата половина од 2026 година, потврдувајќи го своето лидерство и преку Ookla®признанија за најдобрата мрежа и национално признание за одржлив развој.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на првата половина на 2026 изнесуваат 895 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 7,3 проценти споредено со истиот период минатата година, а нето добивката за 9,5 проценти. Зголемени се и приходите од продажбата за 5,1 проценти.

Рекордни 6 награди за најдобрата мрежа

Македонски Телеком повторно го освои престижното Ookla® Speedtest Awards™ признание, потврдувајќи го своето лидерство со најдобрата мрежа во Македонија и во првата половина на 2026 година. Според најновите мерења, компанијата има најдобра мобилна и фиксна мрежа на пазарот и е добитник на наградите за најдобра мобилна мрежа, најбрза мобилна мрежа, најдобро мобилно гејминг искуство, најдобро мобилно видео искуство, како и за најдобра фиксна мрежа и најбрза фиксна мрежа.

Денес, 5G мрежата покрива 97,8% од населението со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Со оптичката инфраструктура покриваме 386 илјади пристапи до оптика, што е речиси двојно повеќе во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно и за 9 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Раст на бројот на корисници во сите сегменти

Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство донесе зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3 проценти и изнесува 227,9 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 2,6 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 1,7 проценти и изнесува 1,291 милиони.

Во фиксната телефонија останавме на водечката позиција со 240 илјади корисници. На ТВ пазарот имаме лидерска позиција со удел од 38,6 проценти, со раст од 5,6 проценти или 173 илјади корисници на крајот на првата половина на 2026 година.

Со нашата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 448 000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.

Зголемување на заработката по акција и на дивидендата

Успешните резултати доведоа и до повисока заработка по акција, како и дивиденда за акционерите. Просечната цена по акција на крајот на првата половина на 2026 година бележи раст од 5,8% споредено со крајот на 2025 година. Бруто износот на дивидендата по акција е зголемен за 4,7% во споредба со минатата година.

Национално признание за одржлив развој

Во вториот квартал на 2026 година добивме национално признание за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“ – младинско движење на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ коешто придонесува за создавање побезбеден, похуман и поинклузивен дигитален простор без кибернасилство и говор на омраза.

Продолжуваме да работиме на еднакво дигитално општество и на намалување на штетните влијанија врз животната средина.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП