Летната сезона повторно ги наполни грчките плажи со македонски туристи, а покрај сместувањето и горивото, едно од најчестите прашања е колку ќе чини ручекот во локалните таверни. Менито од една таверна во близина на Лептокарија и Неи Пори покажува дека цените на најпопуларните специјалитети и натаму се движат во рамки што многумина ги сметаат за прифатливи.
Најбараниот производ – гиро пита – чини 4,50 евра, исто колку и свинското суфлаки, пилешкото суфлаки, панцетата, домашниот колбас, плескавицата и полнетата плескавица. Единствен исклучок е питата само со компири и додатоци, која се продава за 2,50 евра.
Доколку некој сака само едно парче месо, цената на поединечно свинско или пилешко суфлаки, панцета, колбас или плескавица изнесува 2,50 евра.
За погладните гости, порциите се по 9 евра. Толку чини порција гиро, свинско или пилешко суфлаки, панцета, домашни колбаси или плескавици.
Во понудата има и хамбургери. Класичниот чизбургер чини 6 евра, додека поголемиот „King Burger“ се продава за 8 евра, а во цената се вклучени и помфрит.
Популарниот сендвич со месо во пита, кој во менито е означен како омилен, чини 5,50 евра, без разлика дали е со свинско или пилешко месо.
Од прилозите, порција помфрит чини 4 евра, а со пармезан 4,50 евра. Помфрит со пармезан, сланина и сос достигнува цена од 5,50 евра.
Љубителите на салати за грчка салата ќе издвојат 8 евра, салатата „Цезар“ чини 8,50 евра, додека салатата со домати и краставици е 5 евра.
Од намазите, цаѕики, тиросалата, мелен модар патлиџан и сос од сенф се продаваат по 3,50 евра, а порција фета сирење чини 4 евра.
Што се однесува до пијалаците, безалкохолните сокови и газираните пијалаци се 2 евра, мало пиво од 330 милилитри чини 2,50 евра, а големо пиво од половина литар 3,50 евра. Половина литар вода се продава за 50 центи, додека литарско шише вода чини 1 евро.
Менито покажува дека во овој дел од Олимписката ривиера најпопуларните грчки специјалитети сè уште можат да се најдат по цена од околу 4,5 до 5,5 евра, додека за целосен оброк со порција месо најчесто треба да се издвојат околу 9 евра, без пијалак.
Б.З.М.



