Денес сончево и топло, максималната температура ќе биде до 37 степени.
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец и температура до 34 степени.
Одмрзнувањето носи и неповолна биометеоролошка прогноза. Се препорачува избегнување на продолжен престој на отворено во најжешкиот дел од денот, како и соодветна заштита од сончевото зрачење. Посебна претпазливост се препорачува на учесниците во сообраќајот.
Сончево и топло време ќе нè придружува до крајот на оваа недела и во текот на следната недела. Максималната дневна температура ќе достигне 38 степени, a во почетокот на август и до 40 степени.



