ПочетнаАВТОБИЗПо 12 години на пазарот, „Land Rover Discovery Sport“ заминува во историјата

По 12 години на пазарот, „Land Rover Discovery Sport“ заминува во историјата

Британскиот производител потврди дека производството на „SUV“-моделот, „Land Rover Discovery Sport“ ќе заврши во декември 2026-та година.

„Discovery Sport“ беше претставен во 2014-та година како наследник на моделот „Freelander“ и претставуваше влезен модел во понудата на „Land Rover“. Сепак, во последните години неговата продажба значително опадна.

Во последниот квартал биле испорачани само 2.452 возила, што претставува пад од речиси 50 проценти во споредба со истиот период лани.

Со тоа, „Discovery Sport“ стана најслабо продаваниот модел во гамата на „Land Rover“, зад моделите „Discovery“ и „Range Rover Velar“, додека „Range Rover Evoque“ забележа повеќе од 10.600 продадени примероци.

Според британските медиуми, „Discovery Sport“ во некои земји веќе е повлечен од продажба.

Една од причините за неговото повлекување се и новите правила на Европската Унија – „General Safety Regulation 2“ (GSR2), кои наложуваат задолжителна примена на напредни системи за предупредување при одвлекување на вниманието на возачот, како и автоматско сопирање со препознавање на пешаци и велосипедисти.

„Discovery Sport“ не ги исполнува сите нови барања, а неговата модернизација повеќе не е економски исплатлива.

Од „Land Rover“ засега не откриваат кој модел ќе биде негов директен наследник. Сепак, се очекува идниот „Defender Sport“ да ја преземе улогата на почетен SUV-модел во понудата.

Во меѓувреме, неизвесна е и иднината на поголемиот „Discovery“, за кој исто така се шпекулира дека наскоро би можел да биде повлечен од производство.

Доколку тоа се случи, целото семејство „Discovery“ би можело целосно да исчезне од понудата на „Land Rover“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП