ПочетнаЕКОНОМИЈАНа 75-годишна возраст почина актерот Гоце Тодоровски

На 75-годишна возраст почина актерот Гоце Тодоровски

Легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски почина на 75-годишна возраст. Тажната вест ја потврдија неговата матична куќа, Драмски театар Скопје, како и неговата ќерка Сашенка преку социјалните мрежи.

Роден е во Кичево на 30 април 1951 година. Дипломирал актерска игра на Вишата музичка школа во Скопје во 1976 година. Професионалната кариера ја помина како член на ансамблот на Драмски театар од 1978 година.

Оствари бројни улоги во култни македонски филмови и серии, вклучувајќи ги „Среќна Нова ’49“, „Викенд на мртовци“, „Трст виа Скопје“ и многу други.

Но најмногу запаметен ќе биде како еден од најпрепознатливите ликови во незаборавните „Македонски народни приказни“.

Со својот извонреден хумор, харизма и талент, Гоце Тодоровски остави неизбришлива трага во македонскиот филм, театар и телевизија, етаблирајќи се како еден од најомилените уметници на многу генерации.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП