ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕдна од најубавите тајни на Охрид – место што не се заборава...

Една од најубавите тајни на Охрид – место што не се заборава по првата посета

Додека најголемиот дел од туристите секое лето ги бараат најпознатите плажи во Охрид, постојат места кои намерно остануваат малку „скриени“ и токму затоа ја задржуваат својата магија.

Едно од нив е Бане Нумерос 2, семеен ресторан и плажа сместени помеѓу хотелот „Десарет“ во Пештани и плажата Оревче во Градиште, на еден од најубавите делови од Охридскиот брег.

До него речиси и да нема класичен пристап со автомобил. Наместо тоа, доживувањето започнува уште пред да седнете на маса.

Гостите ги пречекува чамец кој ги превезува преку езерото директно до ресторанот, а по завршувањето на денот повторно ги враќа назад.

Уште на првите неколку минути станува јасно дека овде не се доаѓа само на ручек. Се доаѓа за целото искуство.

Природа што тешко се опишува

Плажата е сместена под високите дрвја кои создаваат природна сенка речиси во текот на целиот ден.

Пред вас е кристално чистото Охридско Езеро, зад вас зеленилото на Галичица, а единствениот звук што го слушате се брановите и чамците што минуваат покрај брегот.

Нема бетон, нема гужва, нема гласна музика што ќе ви го расипе ручекот. Само мир, природа и чувство дека времето забавило.

Токму тоа е причината поради која голем дел од гостите не доаѓаат само еднаш. Се враќаат секое лето.

Лежалките не се наплаќаат

Во време кога на многу плажи лежалките се дополнителен трошок, овде политиката е поинаква.

Секоја резервација на маса добива бесплатни лежалки, а бесплатен е и превозот со чамец до ресторанот и назад.

Така гостите не размислуваат дали ќе останат еден или пет часа.

Откако ќе завршат со ручекот, можат да продолжат да уживаат покрај езерото, да испијат кафе во сенката или едноставно да се релаксираат покрај една од најчистите води во Европа.

Ресторан што го води целото семејство

Зад Бане Нумерос 2 не стои голем хотелски синџир. Станува збор за семеен бизнис во кој речиси секој член од семејството има своја улога. Токму тоа најмногу се чувствува кога ќе седнете на маса. Нема формалност, нема чувство дека сте само број на сметката, а гостите ги пречекуваат како свои пријатели.

Сопственикот Петар лично е присутен речиси цел ден, разговара со посетителите, проверува дали сè е во ред и се труди секој што ќе си замине да посака повторно да се врати. Таквиот однос ретко се гледа во денешно време.

Храна поради која луѓето повторно доаѓаат

Иако амбиентот најпрво го привлекува вниманието, храната е причината поради која Бане Нумерос 2 има голем број редовни гости.

Во менито доминираат специјалитети од свежа риба, различни видови месо приготвени на скара, богати салати и традиционални македонски јадења.

Порциите се обилни, состојките свежи, а подготовката е токму онаква каква што се очекува од ресторан кој со години ја гради својата репутација преку препораки, а не преку агресивен маркетинг.

Не случајно многумина велат дека тука се јаде највкусната храна покрај езерото.

Резервацијата е речиси задолжителна

Бидејќи ресторанот располага со ограничен број на маси, а интересот во текот на летото е голем, најчесто се работи исклучиво со претходна резервација, особено за викендите.

Тоа можеби изгледа како ограничување, но токму така успеваат да го задржат нивото на услугата.

Нема пренатрупани маси, нема долго чекање за храна и нема хаос кој често се гледа во екот на сезоната.

Буквално секој гостин добива внимание.

С.Б.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП