ПочетнаКОМПАНИИ„UniCredit“ ја зголеми годишната прогноза и е чекор поблиску до преземање на...

„UniCredit“ ја зголеми годишната прогноза и е чекор поблиску до преземање на „Commerzbank“

„UniCredit“ оствари поголема добивка од очекуваното во вториот квартал и ја зголеми својата годишна прогноза, додека извршниот директор Андреа Орчел се приближува до преземање на германскиот конкурент „Commerzbank“.

Италијанската банка соопшти дека нето-добивката во вториот квартал изнесувала 2,91 милијарди евра, што е над просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, кои очекуваа добивка од 2,8 милијарди евра.

„UniCredit“ ја зголеми и прогнозата за добивката за целата година на значително повеќе од 11 милијарди евра, наместо претходната проценка од најмалку 11 милијарди евра. Истовремено, банката ги подобри и своите среднорочни финансиски цели, без целосно да ја вклучи консолидацијата на „Commerzbank“.

Пред неколку недели „UniCredit“ ја заврши понудата за преземање на „Commerzbank“, со што Андреа Орчел е на добар пат да контролира речиси 50 проценти од германската банка. Доколку дојде до целосно преземање, тоа би претставувало најголема банкарска аквизиција во Европа во последните дваесетина години.

„’Commerzbank’ прерасна од атрактивна финансиска инвестиција во стратешка трансакција што создава значајна индустриска вредност“, наведува „UniCredit“ во соопштението.

Орчел изјави дека очекува Европската централна банка (ЕЦБ) да побара „UniCredit“ да ја консолидира „Commerzbank“ во својот биланс, откако ќе оцени дека италијанската банка има ефективна контрола, што ќе значи и повисоки капитални барања.

Сепак, секој следен чекор кон целосна контрола ќе мора да почека додека „UniCredit“ не ги добие сите неопходни регулаторни одобренија за преземање на понудените акции – процес кој може да трае неколку месеци. Во интервју за „CNBC“, Орчел изјави дека целта е контролата над „Commerzbank“ да биде воспоставена во текот на четвртиот квартал.

Според проценките на банката, по консолидацијата на „Commerzbank“, коефициентот „CET1“ ќе изнесува околу 13 проценти, а трансакцијата треба да донесе двоцифрен раст на нето-добивката во периодот од 2026-та до 2028-ма година.

„UniCredit“ најави и исплата на меѓудивиденда во готовина од околу 2,8 милијарди евра, што претставува приближно половина од вкупно планираната дивиденда за оваа година.

Приходите во вториот квартал се зголемиле за 6,6 проценти во однос на истиот период лани. Повисоките приходи од провизии во голема мера ги компензирале речиси 250 милиони евра трошоци за хеџирање и финансирање поврзани со зголемениот удел во „Commerzbank“. На крајот на јуни, капиталниот коефициент „CET1“ на „UniCredit“ изнесувал 14,3 проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП