ПочетнаЕКОНОМИЈАОхрид доби 5 години од УНЕСКО, дали ќе се спаси од црната...

Охрид доби 5 години од УНЕСКО, дали ќе се спаси од црната листа

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски наследства во опасност, со што градот и езерото засега го задржуваат својот статус. Наместо тоа, на државата ѝ е одобрена „дозвола“ и нов рок од пет години (до 2031 година) за целосно спроведување на препораките за заштита.

Според извештаите на UNESCO World Heritage Centre и реактивните мониторинг мисии, најголемите опасности за регионот се:

Неконтролирана урбанизација: Прекумерно градење во заштитените зони на крајбрежјето.

Дивоградби: Итна потреба од проценка на нивното влијание и нивно присилно отстранување.

Еколошки притисок: Несоодветно управување со отпадните води и еутрофикација (загадување) на езерската вода.

Инфраструктурни проекти: Големи градежни планови кои можат трајно да ја нарушат автентичноста на пределите.

Според последниот официјален ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија, во Охрид се регистрирани точно 4.847 дивоградби, меѓу кои има станбени згради, куќи и луксузни хотели. Од нив, за 456 објекти постојат правосилни решенија за уривање, но досега ниедно од нив не е спроведено од страна на надлежните институции.

Од УНЕСКО посочуваат дека државата мора веднаш да започне со решавање на критичните проблеми кои со години се провлекуваат.

До 2031 година, на секоја годишна сесија на УНЕСКО ќе се ревидира напредокот и ќе се оценува дали Охрид сепак ќе биде преместен на црната листа.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП