ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе мораме да живееме со роботите, до 2040-та година ќе има една...

Ќе мораме да живееме со роботите, до 2040-та година ќе има една милијарда хуманоиди со „AI“

До 2040-та година во светот ќе бидат создадени една милијарда хуманоидни роботи со вградена вештачка интелигенција (AI), што ќе донесе фундаментални промени во работната средина. Ова го прогнозира извршниот директор на јапонскиот технолошки гигант „SoftBank“, Масајоши Сон, пренесува агенцијата „Кјодо“.

„Ерата во која луѓето се највисоката форма на живот ќе заврши“, изјави Сон на годишната конференција на компанијата, додавајќи дека до 2040-та година се очекува да функционираат 100 трилиони агенти со вештачка интелигенција.

Според него, овие „AI“ агенти ќе бидат способни самостојно да се репродуцираат, да создаваат нови агенти и да овозможуваат нивна понатамошна еволуција. Тоа, како што вели, ќе означи премин од општество во кое во центарот е човекот, кон општество во кое машините ќе имаат клучна улога.

„Луѓето ќе мора да еволуираат заедно со ‘AI’ агентите, наместо да ги отфрлаат“, истакна Сон.

Тој прогнозира дека индустриите поврзани со вештачката интелигенција до 2040-та година ќе создаваат околу 20 проценти од светскиот бруто-домашен производ, односно околу 43 трилиони долари.

Според неговите проценки, центрите за податоци што ќе ја поддржуваат „AI“ инфраструктурата ќе имаат потреба од 3 теравати електрична енергија, што е речиси 1,8 пати повеќе од сегашната вкупна светска потрошувачка на електрична енергија. По 2040-та година, потребите би се зголемувале за уште околу 1 терават годишно.

Сон додава дека инфраструктурата за вештачка интелигенција ќе бара годишни инвестиции од околу 5 трилиони долари.

Во последните години, јапонскиот технолошки и инвестициски гигант „SoftBank“ најголемиот дел од своите инвестиции ги насочува кон компании што развиваат технологии поврзани со вештачката интелигенција, вклучувајќи производство на полупроводници, роботика и центри за податоци.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП