ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во мај 49 544 денари, програмерите најплатени

Просечната плата во мај 49 544 денари, програмерите најплатени

Според пресметките на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2026 година, изнесуваше 49 554 денари.

Во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %.

Според ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.9 %, Уметност, забава и рекреација за 11.3 % и Транспорт и складирање за 10.9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6.3 %, Рударство и вадење камен за 5.8 % и Транспорт и складирање за 5.7 %. 

Програмерите остануваат најплатени во земјава

Со просечна плата од 109 671 денари, програмерите се убедливо најплатени во државата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Втори на списокот топ пет најплатени професии се Научно истражување и развој, кои во ноември земале во просек 86 099 денари нето плата. Следуваат вработените во Телекомуникации со 78 978 денари, па вработените во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со 71 514 денари и последни од топ пет се вработените во Воздухопловен транспорт со 71 174 денари нето плата.

На другата страна на скалата, топ три најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот “Вадење на јаглен и лигнит” со просечна плата од 29 908 денари. Следуваат вработените во секторот “Рибарство и аквакултура” со 31 439 денари, па тие во Производство на кожа и слични производи од кожа со 31 522 денари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП