24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс подготвува кадровска револуција во Јунајтед

Мојс подготвува кадровска револуција во Јунајтед

mojs cistka

Менаџерот на Манчестер Јунајтед , Дејвид Мојс има во план да направи сериозно преструктуирање на тимот по крајот на сезоната. Според информациите на „Дејли Експрес“ во текот на летото од „Олд Трафорд“ ќе заминат најмалку 10 фудбалери.

Многу е веројатно Рио Фердинанд да ја прекине кариерата, а Патрис Евра да се врати во Монако од каде што дојде во Јунајтед во 2006-та година.

Нормално менаџерот на „ѓаволите“ нема да смета ни на играчите кои оваа сезона не се дел до првиот тим, а станува збор за Андерсон, Вилфред Заха, Нани, Хавиер Хернандез и Алескандер Бутнер.

Се очекува нови клубови да си побараат и близнаците Рафаел и Фабио Да Силва.

Останува да се види на крајот од сезоната, дали оваа листа ќе се зголеми и дали некои некои играчи од првиот тим, исто така ќе ја продолжат својата кариера во некој друг клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП