ПочетнаЕКОНОМИЈАЖивотот во јули поевтинил за две и пол евра

Животот во јули поевтинил за две и пол евра

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година изнесува 68 498 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2026 година која изнесуваше 68 654 денари е намалена за 156 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати трошоците изнесуваат 83 873 денари. Најмногу пари и натаму се потребни за храна.

За набавка на храна на едно четиричлено семејство му се потребни над 25 илјади денари. За облека и обувки потребни се над 6 500 денари. Пресметката на ССМ покажува и дека за режиски трошоци на четиричленото семејство му се неопходни 6 400 денари. За набавка на средства за лилчна хигиена од домашниот буџет треба да се одвојат 2 700 денари.

Пресметката на синдикалците покажува дека за здравствени услуги и набавка на лекови трошоците на месечно ниво изнесувале 1200 денари. Во однос на средствата наменети за транспорт, во анализираниот период за четиричленото семејство за јавен превоз биле потребни речиси 5000 денари. За подмирување на сметките за комуникации биле потребни 3700 денари. За рекреација и за посета на култирни манифестации во биле потребни близу 6000 денари. А трошоците за образование во јули над 7 илјади денари. За ресторански услуги пресметката е дека неопходни биле 4200 денари. За останати стоки и услуги според пресметката на синдикалците потребна била уште илјадарка.

„Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година изнесува 68 498,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2026 година која изнесувала 68 654,00 денари е намалена за 156,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јуни изнесува 83 873,00 денари“, стои во објавата на Синдикалната минимална потрошувачка кошничка.

Податоците кои ги објави Пазарниот инспекторат велат дека трговците минимално ги зголемиле цените во претходниот поериод што значи дека работеле одговорно со фер трговски практики. Тоа за властите е деказ дека во моментов не се потребни државни мерки и асистенции во пазарната економија.

Но од овие информации кои ги изнесуваат властите големи бенефити граѓаните не добиваат поради ниската куповна моќ. Властите и натаму сматаат дека нема потреба од интервентна корекција на минималната плата. Продуктивноста за работодавачите е слаба, а работниците остануваат на ставот – каква плата таква продуктивност.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП