ПочетнаАВТОБИЗОвој кинески „SUV“ е поевтин од конкурентите, а нуди многу повеќе (ФОТО/ВИДЕО)

Овој кинески „SUV“ е поевтин од конкурентите, а нуди многу повеќе (ФОТО/ВИДЕО)

Кинескиот производител „XPENG“ продолжува со проширувањето на своето присуство на европскиот пазар. Кон крајот на годинава во продажба ќе пристигне новиот компактен теренец-купе – „L03“, кој комбинира премиум опрема со пристапна цена.

Моделот е долг 4,65 метри, а ќе биде достапен со погон на задните или на сите четири тркала, со моќност од 245 до 387 коњски сили.

Во понудата ќе има батерии со капацитет од 58 и 71 kWh, кои според „WLTP“ стандардот обезбедуваат автономија до 445, односно 520 километри.

Еден од најголемите адути на новиот модел е брзото полнење. Иако користи 400-волтна архитектура, „XPENG L03“ поддржува DC полнење до 238 kW, што овозможува батеријата да се наполни од 10 до 80 проценти за помалку од 20 минути.

Почетната цена на одделни европски пазари ќе изнесува 38.500 евра, со што моделот се вбројува меѓу најповолните во премиум сегментот.

Подоцна ќе биде понудена и верзија со продолжен досег (range extender). Кај неа, 1,5-литарски бензински мотор ќе служи исклучиво како генератор за батеријата со капацитет од 37 kWh, додека возилото ќе може да помине до 1.000 километри, од кои повеќе од 200 километри исклучиво на електричен погон.

Цената на оваа верзија засега не е објавена.

Внатрешноста нуди модерен и луксузно уреден ентериер, багажник со зафатнина од 539 литри, кој може дополнително да се зголеми со преклопување на задните седишта, како и преден багажен простор (frunk) со капацитет од 102 литри.

„XPENG L03“ на европскиот пазар ќе пристигне кон крајот на оваа година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП