Луѓето во ЕУ се очекува да работат во просек 37,5 години во 2025-та година, што е мало зголемување од 37,2 години во претходната година, според податоците од европскиот завод за статистика Евростат.
Од 2016-та година, очекуваниот работен век во ЕУ се зголемил за 2,3 години – од 35,2 на 37,5 години, според податоците на Евростат.
Но, индикаторот значително варира помеѓу земјите-членки на ЕУ. Во седум од нив, просечниот работен век е 40 години или повеќе – Холандија (44 години), Шведска (43,4 години), Данска (42,6 години), Естонија (41,5 години), Ирска (40,7 години), Германија (40,2 години) и Финска (40,1 година).

Земјите со најнизок работен век се Романија (32,7 години) и Италија (33 години).
Мажите работат подолго од жените
Во 2025 година, мажите во Европската Унија имале очекуван работен век од 39,5 години, со најдолг во Холандија (45,9 години), Шведска и Данска (и двете 44,5 години) и Ирска (43,4 години).
Мажите во Бугарија имаат најкраток работен век од 35,9 години, по што следат Романците со 36 години и Хрватите со 36,3 години.
За жените, просечниот работен век во ЕУ е 35,4 години. Се очекува Швеѓанките (42,3 години), Холанѓанките (41,9 години) и Естонките (41,8 години) да работат најдолго.
Италијанките имаат најкраток работен век од 28,4 години, по нив следуваат Романките со 29,1 години и Гркинките со 31,8 години.



