ПочетнаАКТУЕЛНОКинески „Volkswagen“ – „Made in Europe“

Кинески „Volkswagen“ – „Made in Europe“

„Volkswagen“ разгледува планови за префрлање на производството на своите електрични возила развиени во Кина во недоволно искористени германски фабрики.

Овој потег, наводно поддржан од германската покраина Долна Саксонија (вториот најголем акционер на „Volkswagen“), доаѓа во време кога гигантот се бори со пад на продажбата, намалување на профитот и жестока конкуренција од кинеските брендови во Европа.

Управата на „Volkswagen“ моментално подготвува болна програма за реструктуирање што би можела да резултира со губење на до 100.000 работни места. За да се спаси домашното производство и да се пополни капацитетот, се планира да се склопат модели од новата кинеска линија „Unyx“ на „Volkswagen“, развиена во соработка со локалниот бренд Xpeng.

Доколку проектот добие „зелено светло“, тоа ќе означи историски пресврт: наместо да извезува германска технологија во Кина, „Volkswagen“ ќе склопува кинеска технологија во Германија за европски клиенти.

Три кандидати

Три модели се споменуваат како главни кандидати за германските производствени линии:

– „ID Unyx 07“: Електричен седан со должина од 4.881 mm, кој директно го напаѓа „Model 3“ на „Tesla“ во Кина,

– „ID Unyx 08“: „SUV“ со должина од 4.887 mm, кој, според претставниците на брендот, би можел да ја наследи улогата на поранешниот „Touareg“,

– „ID Unyx 09“: Луксузен патнички крузер со должина од над пет метри со погон на сите тркала.

Овој потег, исто така, отвора врата за значително подлабоко партнерство со „Xpeng“.

Доколку „VW“ започне со производство на моделот „Unyx“ во Германија, ова би можело да послужи како основа за „Xpeng“ да ги состави своите модели за европскиот пазар на истите производствени линии, што дополнително би ги намалило трошоците за производство за двата бренда.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП