ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ подготвува три „Fold“ телефони? Едниот е дизајниран да се натпреварува со...

„Samsung“ подготвува три „Fold“ телефони? Едниот е дизајниран да се натпреварува со моделот „Apple Fold“

„Samsung“ наговести за доаѓањето на нов тип на преклопен телефон кој ќе стане дел од серијата „Galaxy Z Fold“ во текот на 2026-та година. Според информациите што се појавија, компанијата подготвува дури три „Fold“ модели, а еден од нив треба да биде директен одговор на долгоочекуваниот „Apple Fold“.

Наговестувањето дојде преку промотивно видео во врска со соработката со новиот филм „Spider-Man“, во кое Samsung го споменува „новиот формат“ на своите идни преклопни уреди.

Според досегашните информации, врвот на гамата ќе биде „Galaxy Z Fold 8 Ultra“, наследникот на сегашниот модел „Galaxy Z Fold7“.

Покрај него, се очекува и сосема поинаку позициониран „Galaxy Z Fold 8“, кој треба да биде малку поширок од постојните модели, но и поедноставен за да има попристапна цена.

Сè укажува дека „Samsung“ сака да биде подготвен да го пречека влегувањето на „Apple“ на пазарот на преклопни телефони, за што се шпекулираше долго време.

Камерата би можела да биде најголемиот компромис

Најголемата промена би можела да биде поврзана со камерата. Според гласините, новиот „Galaxy Z Fold 8“ би можел да има само две задни камери, наместо понапредниот систем што „Samsung“ го има вградено во своите „Fold“ уреди досега.

Таквиот потег веројатно би помогнал да се намали цената на телефонот, но би можел да ги разочара корисниците кои ја ценат телефото камерата за фотографирање на далечни објекти.

Сепак, треба да се има предвид дека сите горенаведени информации се базираат на гласини и протечени податоци, па затоа конечните спецификации може да се разликуваат.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП