ПочетнаКОМПАНИИВиталиа стана членка на Кинеско-македонската стопанска комора

Виталиа стана членка на Кинеско-македонската стопанска комора

Македонската компанија за здрава храна „Виталиа“ и официјално стана членка на новоформираната Кинеско-македонска стопанска комора, чие основање беше одбележано на свечен настан во „Рагуза 360“ во Скопје.

Комората претставува нова платформа за поврзување на деловните заедници од Македонија и Кина, со цел зајакнување на економската соработка, поттикнување на трговијата и инвестициите и создавање нови можности за партнерства меѓу компаниите од двете земји.

„Кина претставува огромен и динамичен пазар, во кој препознаваме значајна перспектива и долгорочен потенцијал за Виталиа. Членството во Комората ни отвора можност подобро да ги запознаеме потребите и спецификите на кинескиот пазар, да воспоставиме релевантни деловни контакти и да создадеме услови за присуство на нашите производи. Цврсто веруваме дека преку вистинските партнерства, македонското знаење, квалитет и иновации можат да најдат свое место и на еден од најголемите пазари во светот“, истакнаа од „Виталиа“.

Членството е продолжение на активностите на компанијата насочени кон запознавање на кинескиот пазар. Во 2025 година, „Виталиа“ учествуваше на China–CEEC Expo во Нингбо, Кина, каде што го претстави своето портфолио пред кинеската деловна јавност и оствари директни контакти со потенцијални партнери.

Со повеќе од три децении искуство и присуство во над 60 земји, „Виталиа“ развива широка палета производи што одговараат на современите трендови во исхраната. Особен потенцијал за кинескиот пазар компанијата препознава во функционалните и протеинските производи, пробиотската линија, производите без додаден шеќер и практичните решенија за појадок и ужина, како и во новата линија „Elements“ чипсови.

Преку членството во Кинеско-македонската стопанска комора, „Виталиа“ го продолжува својот стратешки пристап кон развој на нови извозни можности, воспоставување долгорочни партнерства и поголема меѓународна препознатливост на македонските производи.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП