Од 29 до 31 октомври 2026 година, Арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе стане централно место за претставување на најновите достигнувања во енергетиката, технологијата, иновациите и недвижностите преку одржувањето на иновативните саеми ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026.
Под мотото „Вклучи одржливи навики“, ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 ќе ги обедини водечките компании, институции, експерти и иноватори од областа на техниката, технологијата, енергетиката и индустријата.
На изложбена површина од над 2.500 m², посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најсовремените производи, услуги и решенија кои го обликуваат развојот на современото општество. Саемската програма опфаќа широк спектар на области, меѓу кои енергетика, електро индустрија и електроника, метална индустрија и металургија, информациско-комуникациски технологии, телекомуникации, роботика, автоматизација, машинство, екологија и одржлив развој. Посебен акцент ќе биде ставен на обновливите извори на енергија, циркуларната економија, паметните индустриски решенија и дигиталната трансформација.

Во рамки на саемот, младите иноватори и стартапи ќе добијат можност да ги претстават своите идеи и проекти пред претставници на компании, инвеститори и професионалци од различни индустрии, отворајќи нови можности за соработка, професионален развој и вработување.
Паралелно со ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 ќе се одржи и РЕАЛ ЕКСПО 2026, специјализиран саем за недвижности кој на едно место ќе ги обедини водечките градежни компании, инвеститори, агенции и професионалци од секторот. Посетителите ќе можат да се информираат за актуелните понуди на станбени и деловни објекти, инвестициски проекти и развојни иницијативи од Македонија и регионот.
РЕАЛ ЕКСПО 2026 претставува единствена можност за сите кои бараат нов дом, деловен простор или атрактивна инвестициска можност, но и за компаниите кои сакаат директно да ги претстават своите проекти пред потенцијални купувачи, инвеститори и деловни партнери.

Покрај изложбениот дел, двата саеми ќе понудат богата програма со стручни презентации, деловни средби, промоции на нови производи и услуги, панел-дискусии и активности за вмрежување, создавајќи динамична платформа за размена на знаење, искуства и деловни можности.
Работното време на саемите ќе биде од 10:30 до 18:30 часот во текот на сите три дена.
Компаниите кои сакаат да ја претстават својата понуда, да воспостават нови деловни контакти и да ја зајакнат својата позиција на пазарот можат уште денес да го резервираат својот изложбен простор.

Пријавувањето за изложувачи е во тек. За повеќе информации и апликација за учество, заинтересираните компании можат да пополнат пријава преку официјалната веб страница на Скопски Саем.
Бидете дел од ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 – местото каде што се среќаваат иновациите, бизнисот и иднината.



