ПочетнаАВТОБИЗ„BYD“ подготвува нов „ѕвер“ – ќе чини околу 40.000 евра

„BYD“ подготвува нов „ѕвер“ – ќе чини околу 40.000 евра

„BYD“ подготвува нова луксузна лимузина „Da Han“, која на купувачите ќе им биде понудена како целосно електричен модел или како plug-in хибрид.

Станува збор за автомобил кој ја користи истата платформа како теренецот „Da Tang“ (Great Tang), а нуди импресивни перформанси и исклучително брзо полнење на батеријата.

Електричната верзија ќе биде опремена со „Blade“ батерија од втората генерација, која, според производителот, овозможува полнење од 10 до 97 проценти за само девет минути. Моделот ќе има управување на задните тркала, како и активно потпирање.

Со должина што е за 6,6 сантиметри поголема од стандардната „Mercedes-Benz S-Class“, „Da Han“ се вбројува меѓу најголемите луксузни лимузини на пазарот.

Основната електрична верзија користи еден електромотор поставен на задната оска, кој развива 496 коњски сили (370 kW), додека помоќната верзија со погон на сите четири тркала располага со вкупно 764 коњски сили (570 kW).

„BYD“ сè уште не го објави капацитетот на батеријата кај електричната верзија, но наведува дека моделот со погон на задните тркала може да помине до 1.008 километри според кинескиот „CLTC“ циклус на мерење.

Верзијата со погон на сите четири тркала има деклариран досег од 880 километри. Треба да се има предвид дека „CLTC“ стандардот дава пооптимистички резултати во споредба со европскиот „WLTP“ циклус.

Plug-in хибридната верзија користи 1,5-литарски турбо бензински мотор со 154 коњски сили, во комбинација со електромотор со моќност од 268 коњски сили. Благодарение на LFP батеријата со капацитет од 54 kWh, овој модел може да помине до 470 километри исклучиво на електричен погон, според кинеските мерења.

Според првичните информации, почетната цена на „BYD Da Han“ ќе биде околу 41.000 евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП