Во време кога квалитетните недвижности на атрактивни локации стануваат сè поретки, комплексот „Горица резиденс“ на брегот на Охридското Езеро претставува уникатна прилика на пазарот. Со 42 премиум апартмани во резиденцијалниот дел, секој со панорамски поглед кон езерото, овој урбан комплекс нуди ексклузивност не само во однос на модерниот дизајн и естетика, максималната функционалност и бројните придружни содржини, туку и во долгорочната вредност што ја носи сопственоста на недвижност во еден од најатрактивните делови на Охрид.
Секој апартман е создаден за луѓето кои сакаат да инвестираат во простор со изобилство на природна светлина, подеднакво пријатен за живеење, одмор и престој во текот на целата година. Панорамскиот поглед кон Охридското Езеро, приватниот паркинг, високото ниво на безбедност со 24-часовно обезбедување, пристапот до содржините на луксузниот хотел во склоп на комплексот, во непосредна близина на најатрактивната плажа на охридскиот брег, создаваат урбан концепт на живеење во синергија со природата. Идните сопственици може да ја искористат можноста за поволно станбено кредитирање преку Комерцијална банка со каматна стапка од 3,17 отсто, што овозможува оваа инвестиција да стане полесно достапна за сите они кои бараат недвижност со потенцијал за континуиран раст на вредноста.
Покрај концептот за живеење и одмор, „Горица резиденс“ нуди и можност за остварување дополнителен приход преку туристичко изнајмување. Притоа, постои опција целосното менаџирање во тој сегмент да се организира преку познат светски хотелски бренд кој ќе стопанисува со хотелскиот комплекс. Тоа подразбира професионално управување и највисоки светски стандарди на услуга, овозможувајќи им на сопствениците дополнителна вредност од недвижноста без да се грижат за секојдневната организација. Ваквиот концепт на комбинација од сопствен дом со хотелска услуга и професионално менаџирање, се среќава на најразвиените туристички пазари во светот. Концептот овозможува поголема флексибилност и избор на сопствениците да уживаат во сопствениот апартман кога тоа им одговара, а во останатиот период да го стават во функција на изнајмување и да остваруваат дополнителни средства.

Дополнителна вредност на комплексот „Горица резиденс“ му додава луксузниот хотел со пет ѕвездички кој ќе работи под брендот на реномиран светски хотелски синџир. Присуството на ваков интернационален бренд е потврда за врвни услуги и содржини за сопствениците на апартмани, но и дополнително ја зголемува атрактивноста на целиот проект. Поседувањето апартман во „Горица резиденс“ не претставува само избор на ексклузивен дом покрај езерото, туку и вложување во недвижност со трајна вредност. Ограничената понуда, уникатната локација и концептот што ги обединува домувањето, хотелската услуга и туризмот создаваат силни предуслови оваа инвестиција да ја зголемува својата вредност во годините што следат.

Заинтересираните купувачи можат да го контактираат тимот за продажба на „Горица резиденс“ и да добијат подетални информации за расположливите апартмани, условите за купување, можностите за финансирање и програмата за изнајмување, како и да закажат индивидуална презентација на комплексот.




