ПочетнаЕКОНОМИЈАТурците најбројни туристи во мај

Турците најбројни туристи во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во Македонија во мај 2026 година 131 723 туристи оствариле 236 727 ноќевања.

Во мај 2026 година, од вкупниот број туристи, 19.0 % се домашни, а 81.0 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во мај 2026 година изнесува 236 727, од кои 24.2 % се од домашните туристи, а 75.8 % од странските туристи.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај странските има зголемување за 4.9 %.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 3.3 %, се вели во извештајот на ДЗС.

Според ДЗС, најмногу странски туристи во мај пристигнале од Турција 34 681, од Германија 9 578, од Србија 7 605 и од Бугарија 4 858.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП