ПочетнаКОМПАНИИ„Apple“: Договорот со „Broadcom“ ќе надмине 30 милијарди долари

„Apple“: Договорот со „Broadcom“ ќе надмине 30 милијарди долари

„Apple“ го исполнува своето ветување за зголемување на вложувањата во компоненти произведени во Соединетите Американски Држави, откако соопшти дека проширениот договор со „Broadcom“ ќе надмине вредност од 30 милијарди долари, пренесува „Bloomberg“.

Договорот предвидува производство на повеќе од 15 милијарди чипови во САД, со што ќе бидат поддржани стотици работни места, соопшти „Apple“ во официјално соопштение. Производителот на „iPhone“ ќе му помогне и на „Broadcom“ во модернизацијата на неговите производствени капацитети во американската сојузна држава Колорадо.

Соопштението открива нови детали за договорот што „Broadcom“ го најави во понеделникот, кога компанијата информираше дека партнерството ќе трае до 2031-ва година, без тогаш да ја открие неговата финансиска вредност.

Од „Apple“ истакнуваат дека оваа инвестиција е дел од претходно најавената обврска за вложување 600 милијарди долари во американската економија. Главниот извршен директор Тим Кук ги нагласи овие планови за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба на Белата куќа минатата година.

Партнерството со „Broadcom вклучува“ и инвестиција од 1,5 милијарди долари во фабриката на компанијата во Форт Колинс, Колорадо. Таму ќе се произведуваат современи радиофреквентни компоненти за безжични чипови.

„Му благодариме на претседателот и на неговата администрација за поддршката на важни проекти како овој“, изјави Тим Кук, додавајќи дека „напредните компоненти произведени во Форт Колинс се клучни за перформансите и поврзаноста што ги очекуваат нашите корисници“.

Главниот извршен директор на „Broadcom“, Хок Тан, изјави дека компанијата е горда што ќе продолжи да соработува со „Apple“ по децении успешна заедничка работа. „Broadcom“ со години испорачува безжични чипови за „Apple“, вклучително и компоненти што овозможуваат Wi-Fi и Bluetooth поврзување, иако „Apple“ минатата година започна самостојно да развива дел од тие технологии.

И покрај тоа, „Broadcom“ и понатаму ќе обезбедува други комуникациски компоненти и работи на нова технологија за чипови што ќе ја поддржи намерата на „Apple“ веќе следната година да го претстави својот прв наменски сервер за вештачка интелигенција.

Во меѓувреме, Тим Кук ќе се повлече од функцијата главен извршен директор на „Apple“ на 1-ви септември, а на негово место ќе дојде долгогодишниот директор на хардверскиот сектор на компанијата, Џон Тернус. Кук ќе остане во „Apple“ како извршен претседател и се очекува да продолжи да ги одржува односите на компанијата со Белата куќа.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП