25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДали Камп Ноу ќе замине во историјата!?

Дали Камп Ноу ќе замине во историјата!?

Soccer - UEFA Champions League - First Knock Out Round - Second Leg - Barcelona v Celtic - Camp Nou

Раководството на Шпанскиот шампион Барселона ќе избира дали ќе го реновира „Камп Ноу“ или да изградат целосно нов стадион. Извршниот комитет на каталонците ќе одлучи во првата половина на јануари која од варијантите да ја избере.

Предноста на првата варијанта е дека ќе се користат основите на „Кам ноу“, за овој фудбалски храм да биде целосно модернизиран. Во другиот случај новиот стадион ќе биде издигнат заедно со целиот нов комплекс на терени на Универзитетот на Барселона.

„Откако раководството ќе го направи својот избор, ќе се одржи и референдум во клубот“, објави портпаролот на Извршниот комитет Тони Фреиша.

„Се разгледуваат двете опции. Меѓутоа, во пракс , ако се избере варијантата со „Камп Ноу“, тоа исто така значи да направиме нов стадион“, изјави тој.

Идејата е Барселона да игра на стадион со 105 илјади гледачи. Плановите и во двата проекта се сите места да бидат покриени.

Ќе се изгради и нова спортска сала за 12 илјади гледачи, како и патека за атлетика со 2000 места.

Со реализацијата на планот, каталонците ќе го поседуваат третиот најголем објект во светот.

Ако проектот биде реализиран , со поголем капацитет ќе бидат само два стадиони на планетата – монументалниот стадион „Рунградо“ во Пјонгјанг, Северна Кореа ( 150 илјади) и „Солт Лејк“ во Калкута , Индија ( 120 илјади). Во моментов „Камп Ноу“ може да прими 99.354 гледачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП