Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 7/2026 за долгови доспеани до 30.03.2026 и неплатени до 30.06.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.07/2026 објавени се 2.007 должници – правни лица (повеќе за 66 од претходната листа) и 3.149 физички лица (повеќе за 32 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2026 изнесува 13.076.222.055 денари, (повеќе за 162.229.651 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.862.649.581 денари, (повеќе за 139.244.510 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 213.572.474 денари (повеќе за 22.985.141 од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.



