ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на одобренијата за градење за 27.5 % во мај годинава

Намален бројот на одобренијата за градење за 27.5 % во мај годинава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на одобренијата за градење во мај 2026 година е намален за 27.5 % во однос на истиот период од претходната година

Во мај 2026 година се издадени 340 одобрение за градење, што е за 27.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 669 367 илјади денари, што е за 15.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 229 (67.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 22 (6.5 %) за објекти од нискоградба и 89 (26.2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 340 објекти, на 214 (62.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 126 (37.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 840 станови со вкупна корисна површина од 71 561 м2, се вели во извештајот на ДЗС.

Прочитајте и:

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП