ПочетнаЕКОНОМИЈАКлучниот сектор кој треба да го подобри производството во Македонија се соочува...

Клучниот сектор кој треба да го подобри производството во Македонија се соочува со одлив на вработени!

Во текот на ланската година бројот на вработени лица во Македонија изнесувал нешто над 600 илјади лица. Интересен е фактот што на годишно ниво бројот на вработени е речиси непроменет, односно е намален за незначителен процент, рамен на статисичка грешка. Најмногу работници во текот на 2025 година ја напушиле Преработувачката индустрија.

Во Македонија на пазарот на труд во 2025 година имало нешто на 330 илјади мажи и над 284 илјади жени. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во Преработувачката индустрија работат најмногу граѓани од земјава, односно нешто над 120 илјади. На второ место по бројноста се трговците на големо и мало, 106 илјади се вработени во овој сектор. По околу 45 илјади се вработени во јавната управа и во образовниот сектор, а околу 30 илјади вработени има во административните дејности, стручните дејности и сместувачките угостителски капацитети. Над 35 илјади вработени се во секторите транспорт и градежништво, а по 15тина илјади има во финансиските дејности, уметност и забава, енергетските сектори и слично.

„Бројот на вработените лица во Република Северна Македонија во 2025 година е 614 334, од кои мажи се 330 240, а жени 284 094. Во 2025 година, во однос на 2024 година, вкупниот број на вработените е речиси непроменет, односно бележи намалување од 0.1 %. Тоа е резултат, пред сѐ, на намалувањето на бројот на вработените во секторот Преработувачка индустрија за 5.2 %. Од друга страна, пак, зголемување на бројот на вработените е забележано во секторите Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5.5 % и Административни и помошни услужни дејности за 3.3 %“, се наведува во извештајот на ДЗС.

И покрај парите кои компаниите ги добија од унгарскиот кредит за подобрување на продуктивноста но и за зголемување на бројот на вработени, тоа засега реално не се случува на терен.

Домашното призводство не бележи драстични промени, а подорување во состојбите со недостатокот на работен кадар не мрда од мртва точка. Властите сепак се оптимисти дека пред земјава е светла иднина и дека во периодот што следи на дело ќе се видат економските политики позади кои стои актуелната власт.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП