ПочетнаМАКЕДОНИЈАЃорѓиевски: Високи казни против секој кој несоодветно фрла шут и отпад

Ѓорѓиевски: Високи казни против секој кој несоодветно фрла шут и отпад

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски синоќа изјави дека секој кој нелегално исфрла шут и отпад ќе биде санкциониран со високи казни.

Вчеравечер, на три локации во Скопје – две во Аеродром и една во централното градско подрачје, на улицата „Рузвелтова“, беа затекнати лица при нелегално исфрлање шут и отпад, со што директно ја загрозуваат животната средина, здравјето на граѓаните и изгледот на нашиот град.

Градоначалникот Ѓорѓиевски, информираше дека сторителите биле идентификувани и евидентирани, а им бил издаден налог да се појават во просториите на Град Скопје, каде што ќе им бидат изречени соодветни глоби според законските прописи.

Дополнително, наложено им е уште одма да го подигнат отпадот и да го однесат на соодветна депонија, со задолжително приложување кантарска белешка како доказ. Доколку тоа не го сторат, ќе следуваат нови санкции.

-Сакам да бидам јасен – нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, да го загадуваат просторот во кој живееме и да ја загрозуваат иднината на нашите деца, вели Ѓорѓиевски.

Апелирам до сите граѓани: да го чуваме Скопје како сопствен дом. Да не дозволиме неодговорноста на поединци да ја поништи работата, трудот и желбата на илјадници скопјани кои сакаат чист, уреден и достоинствен град, вели градоначалникот.

Инспекторите се 24 часа на терен и будно го следат секое нарушување на животната средина.



ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП