ПочетнаАВТОБИЗ„Peugeot“ го одложи новиот „208“ за една година

„Peugeot“ го одложи новиот „208“ за една година

„Peugeot“ нема да го претстави новиот модел „208“ на автомобилскиот саем во Париз во 2026-та година, иако токму таму се очекуваше да биде откриен неговиот иден дизајн. Наместо тоа, францускиот производител ќе прикаже два концептни модели кои ќе го најават идниот стил на брендот.

Одложувањето на премиерата го потврди главниот извршен директор на „Peugeot“, Ален Фавј, кој откри дел од клучните детали за новиот модел.

Новиот „Peugeot 208“ ќе биде претставен во 2027-ма година и ќе ја користи платформата „STLA One“. Производството ќе продолжи во фабриката во Фигеруелас, во близина на Сарагоса, Шпанија.

Во истиот погон ќе се произведуваат и новите „Opel Corsa“ и „DS No3“, а компанијата „CATL“ таму гради фабрика за батерии, што дополнително ќе ја олесни логистиката.

Основната електрична верзија „E-208“ се очекува да добие „LFP“ батерија со капацитет од 48 kWh и автономија од околу 400 километри според „WLTP“ стандардот.

Поскапата верзија би можела да има дострел до 500 километри, но сè уште не е познато дали ќе користи поголема „LFP“ батерија или поенергетски густа „NCM“ технологија.

Се очекува цената да биде околу 25.000 евра, со што електричниот хечбек ќе стане директен конкурент на „Renault 5“ и на идниот „Volkswagen ID. Polo“.

Сепак, за разлика од нив, новиот „Peugeot 208“ би можел да биде првиот компактен хечбек од Б-сегментот со управување „по жица“ (steer-by-wire), технологија која ја поедноставува конструкцијата, ја подобрува маневрабилноста и може да му донесе значајна предност на пазарот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП