ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung Galaxy Ring 2“ ќе биде најмоќниот паметен прстен досега

„Samsung Galaxy Ring 2“ ќе биде најмоќниот паметен прстен досега

Поминаа две години откако „Samsung“ првпат влезе на пазарот на паметни прстени, но оригиналниот „Galaxy Ring“ сè уште не доби наследник.

Иако гласините укажуваа на лансирање во 2027-ма година за носивиот уред од следната генерација, „Samsung“ во голема мера молчеше за своите планови. Сега, компанијата конечно го прекина молчењето и потврди дека „Galaxy Ring 2“ навистина е во изработка.

Во разговор за „Forbes“, Хон Пак, виш потпретседател и раководител на тимот за дигитално здравје на „Samsung“, откри дека „Galaxy Ring“ од следната генерација е во развој. Како што се очекуваше, извршниот директор не откри конкретен временски рок за лансирање или карактеристики за новиот прстен, но рече дека софтверот и услугите ќе останат вистинскиот диференцијатор на пазар полн со алтернативи.

„Ако ги погледнете другите прстени, без оглед на конкурентот, сензорите не се толку различни во моментов. Навистина се сведува на тоа какви услуги ќе изградите врз тој слој. Разликата што ја гледате е всушност во софтверот“, рече тој.

Пак исто така рече дека „Samsung“ не се обидува да направи еден уред што покрива апсолутно сè. Наместо тоа, компанијата е фокусирана на создавање екосистем од поврзани уреди што им дава на луѓето моќ да изберат што сакаат.

Кога беше прашан дали „Samsung“ планира да ја прошири компатибилноста на „Galaxy Ring 2“ надвор од „Android“ уредите, Пак избегна директно да потврди поддршка за „iPhone“. Сепак, неговиот одговор силно наговести дека поширока компатибилност може да биде на хоризонтот.

„Се смешкам, но не можам да кажам ништо. Мислам дека ќе бидете многу задоволни со некои од изданијата и претстојните вести“, додаде Пак.

Засега, „Galaxy Ring“ е дизајниран да работи најдобро со „Samsung“ уредите. Компатибилен е со повеќето модерни „Android“ телефони, но неколку функции остануваат ексклузивни за „Galaxy“ екосистемот на „Samsung“. „iPhonе“ уредите очигледно недостасуваат на листата на поддржани уреди, но со зголемениот притисок од регулаторите врз затворените екосистеми и криптичните забелешки на Пак, постои добра причина да се верува дека „Samsung“ конечно би можел да ја донесе поддршката за „Galaxy Ring“ на својата следна генерација на носиви уреди и на „Apple“ уредите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП