ПочетнаЕКОНОМИЈАМемекоинот на Трамп ги зави во црно инвеститорите: Изгубени дури 3,8 милијарди...

Мемекоинот на Трамп ги зави во црно инвеститорите: Изгубени дури 3,8 милијарди долари

Голем број луѓе изгубија пари на мемекоинот $TRUMP, додека претседателот на САД заработи стотици милиони.

Скоро еден милион луѓе изгубија вкупно 3,8 милијарди долари откако го купија мемекоинот $TRUMP на американскиот претседател Доналд Трамп, според фирмата за анализа на криптовалути Nansen.

The New York Times објавува дека анализата на Nansen се базира на јавно видливи трансакции на блокчејнот, кои покажуваат дека 988.905 сметки изгубиле пари на мемекоинот до крајот на јуни. Тоа претставува приближно двајца од тројца купувачи на монетите $TRUMP.

Трамп го објави овој мемекоин три дена пред неговата инаугурација во 2025 година. Претходно тој го основа крипто стартапот World Liberty Financial со своите синови. Вредноста на монетата $WLFI исто така значително се намали.

Во неодамнешниот финансиски извештај, претседателот откри дека заработил 636 милиони долари од мемекоинот $TRUMP, што е речиси половина од 1,4 милијарди долари што претседателот ги заработи од крипто индустријата минатата година.

Под администрацијата на Трамп, Комисијата за хартии од вредност (SEC) објави дека нема да го регулира мемекоинот како хартија од вредност и отфрли серија тужби против крипто компаниите.

Портпарол на Белата куќа изјави за NYT: „Претседателот Трамп гордо ги направи Соединетите Американски Држави главен град на криптовалутите во светот“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП