ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата се врати на своето, повторно во минус!

Индустријата се врати на своето, повторно во минус!

По оптимистичкиот раст на производството во индустрија од над 7 проценти, повторно испорачани негативни резултати. И кога се помисли дека индустријата застанува на стабилни нозе, најновиот извештај на Државниот завод за статистика вели дека во мај индустриското производство е намалено за 2 процени, а има пад и кај бројот на работници во индустријата за 2,6 отсто.

Податоците од извештајот велат дека индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи опаѓање од 3.6 %, во секторот, потоа во преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.6 %, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 6.1 %.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи пораст кај Енергија за 6.5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за  3.4 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.4 %. Тоа што особено загрижува пак, е тоа што намалување има кај најгоем дел од преработувачката индустрија. 

„Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на облека, производство на хемикалии и хемиски производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки„, се наведува во извештајот на ДЗС.

Во однос на бројот на вработени статистичарите пресметале намалување за 2,6 за периодот мај годинава, мај 2025 година. Бројот на работниците во во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.5 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.

„Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %“, стои во извешајот.

Бројот на работниците во периодот јануари – мај 2026 во однос на периодот јануари – мај 2025 година се намалил за 3.0 %. Ваквите податоци за состојбата во индустријата само ја потврдуваат реалнта слика за македонската економија која засега со тешки маки опстојува жива поминувајќи низ многу проблеми и предизвици предизвикани од надворешни влијанија, но и од внатре.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП