Европската комисија воведува нови правила за безбедност на возилата од 7 јули 2026 година. Целта на овие регулативи е да се зголеми безбедноста на патиштата и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.
Европската комисија објави дека новите правила за безбедност на возилата ќе стапат во сила на 7 јули 2026 година, според кои сите нови патнички автомобили и комбиња пласирани на пазарот на Европската Унија мора да бидат опремени со дополнителни системи за заштита на возачите, патниците и пешаците.
Според Европската комисија, целта на новите регулативи е попаметните возила да придонесат за побезбедни патишта и да го намалат бројот на сообраќајни несреќи.
Кои системи стануваат задолжителни?
Според новите правила, сите нови патнички автомобили и лесни комерцијални возила ќе мора да имаат:
- напреден систем за автоматско сопирање во итни случаи, кој ги препознава пешаците и велосипедистите
- систем за предупредување од одвлекување на вниманието на возачот
- подобрена видливост пред возилото за поголема безбедност во сообраќајот
- нови тестови за безбедност на употребувани гуми
- проширена површина на безбедносно стакло, дизајнирана да обезбеди поголема заштита на пешаците во случај на судир
Целта е да се намали бројот на загинати и повредени лица на патиштата
Европската комисија истакнува дека развојот на технологијата им овозможува на автомобилите активно да им помагаат на возачите во спречувањето на несреќи, особено кога станува збор за најранливите учесници во сообраќајот, како што се пешаците и велосипедистите.
Новите правила се дел од поширока европска стратегија за подобрување на безбедноста во сообраќајот и развој на интелигентни возила, со цел дополнително намалување на бројот на сообраќајни несреќи со фатални исходи и сериозни повреди во наредните години.



