ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТрамп испиша историја: Еве како изгледа новата банкнота од 100 долари

Трамп испиша историја: Еве како изгледа новата банкнота од 100 долари

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, објави дека, по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, во оптек се пуштени банкноти од американски долари со потпис на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Бесент ја потврди одлуката на платформата X споделувајќи објава од претседателот на САД со фотографија од банкнота од 100 долари со потпис на Трамп.

„Нема подобар начин да се одбележат историските достигнувања на нашата голема земја и претседателот Доналд Џ. Трамп отколку со неговите потписни американски банкноти, и сосема е соодветно што ова историско издание се појавува на 250-годишнината од нацијата“, рече Бесент.

Како што објавува Блумберг, американските хартиени банкноти традиционално носат потписи на секретарот за финансии на САД и државниот благајник на САД, а не на претседателот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП