ПочетнаМАКЕДОНИЈАНа Клиниката за инфективни болести се лекуваат двајца заразени од Западнонилска треска

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат двајца заразени од Западнонилска треска

Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби лабораториски потврди два случаи на Западнонилска треска. Едниот од нив патувал во Грција и по два дена од враќањето се пријавил во болница, додека другиот не наведол во анкетниот лист дека патувал некаде надвор од Македонија.

Двајцата пациенти се хоспитализирани, тие се под континуиран медицински надзор, се лекуваат согласно со современите медицински препораки и се во дбра состојба, велат надлежните.

Од Универзитетската клиника за инфективни болести апелираат до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци: користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода во околината, каде што комарците се размножуваат.

Западнонилската треска е болест која се пренесува преку убод од заразени комарци, а нејзините симптоми вклучуваат покачена температура, главоболка, болки во мускулите, осип, па дури и невролошки нарушувања како енцефалитис или менингитис. Особено се загрозени повозрасните лица, како и оние со послаб имунолошки систем, кои потешко се справуваат со последиците од инфекцијата.

Според експертите, еден од најважните чекори во превенцијата е заштитата од убоди на комарци. Ова вклучува користење репеленти, носење облека која ги покрива екстремитетите, и избегнување на престој во области со висока концентрација на комарци, особено во вечерните часови.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП