ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на становите пораснале за 13,3 отсто, пазарот бега од реалноста

Цените на становите пораснале за 13,3 отсто, пазарот бега од реалноста

Цените на становите во Скопје пораснале за 13,3 отсто во вториот квартал од годинава, објави Народната банка.

Според податоците на Народната банка, цените на недвижностите веќе втор квартал растат но малце забавено темпо.

Цените на становите во вториот квартал од годинава пораснале за 5,5 отсто во однос на првиот квартал.

Највисоки цени на становите се продаваат во Центар, па по него следат Карпош и Аеродром.

Младите ја губат трката со цената на квадратите – пазарот бега од реалноста

Да се купи стан од 70 квадрати во Македонија станува сѐ потешка мисија за обичниот граѓанин. Според најновите анализи, доколку едно лице ја штеди целата своја плата, без да потроши ниту денар на храна, сметки или други потреби, ќе му бидат потребни повеќе од 15 години за да стигне до сопствен дом.

Познавачите на пазарот на недвижности објаснуваат дека во последните пет години, цените на становите во главниот град пораснале за повеќе од 70 проценти, додека платите, во најдобар случај, за половина од тоа.

Таквиот јаз создава, како што велат, генерациски притисок врз младите семејства, кои или остануваат под кирија, или се задолжуваат за целиот работен век.


ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП