Секоја година Henley & Partners објавува листа на најмоќните пасоши во светот, во која се рангирани 199 земји во светот.
Henly Passport Index, составен од консултантската куќа Henley & Partners, е најчесто цитираното рангирање на пасоши и се заснова на ексклузивни и официјални податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA).
За оваа листа, примарен одлучувачки фактор за одредување колку е „моќен“ пасошот е во колку земји можете да влезете без виза.
Сингапур го има најмоќниот пасош на светот
Најмоќниот пасош во светот е Сингапурскиот пасош бидејќи овозможува патување без визи до вкупно 192 од 227 дестинации ширум светот, давајќи им на Сингапурците најнеограничен пристап за патување од која било друга нација во светот.
Следна е Јапонија. Јапонскиот пасош отклучува безвизен пристап до 188 земји.
Ова е дел од списокот:
1.Сингапур
2.Јапонија, Јужна Кореја, Обединети Арапски Емирати
3.Шведска
4.Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шпанија
5.Австрија, Грција, Малта, Португалија, Швајцарија
6.Унгарија, Полска, Велика британија
7.Австралија, Канада, Чешка, Летонија, Малезија, Нов Зеланд, Словачка, Словенија
8.Хрватска, Естонија
9.Лихтенштајн, Литванија
10.Исланд, САД
Последен на листата, Авганистан има пристап до само 23 земји. Ова создаде најголем јаз во мобилноста во последните 19 години од почетокот на индексот, а на Сингапурците им е дозволено да патуваат без визи до неверојатни 169 дестинации повеќе од сопствениците на авганистански пасоши.
Македонија е на 41. место и со македонскиот пасош, македонските граѓани можат да патуваат без визи до 127 дестинации низ светот.



