ПочетнаКОМПАНИИКако студентите на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ја градат глобалната кариера...

Како студентите на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ја градат глобалната кариера уште за време на студиите

Дипломците на универзитетите од Russell Group, мрежата на 24-те водечки британски универзитети, повеќе од две децении се на врвот на листите на пожелни кандидати за вработување, не само во Велика Британија, туку и во ЕУ, во САД, во државите на Блискиот Исток и Азија, но и насекаде каде што се одлучуваат најголемите кариерни прашања.

Универзитетот Јорк, член на оваа елитна мрежа, рангиран меѓу топ 20 универзитети во Обединетото Кралство и на 154-то место во светот според Times Higher Education World University Rankings 2026, ја пренесува таа предност директно преку својот Европски кампус во Солун. Студентите што се запишуваат таму ги следат истите академски стандарди, и на крајот добиваат иста диплома, со истото име и иста меѓународна вредност, како и нивните колеги во Англија. Алумни мрежата на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк брои над 15.000 дипломци насекаде во светот, мрежа која ги отвора портите за секој нов студент од моментот кога ќе се запише.

Според најновата британска анкета HESA Graduate Outcomes, 92,5% од дипломците на Универзитетот Јорк се вработени, продолжиле со постдипломски студии или се наоѓаат во друга позитивна професионална насока, само 15 месеци по дипломирањето. Овој резултат е одраз на силната поврзаност на Универзитетот со индустријата, практично ориентираната настава и кариерната поддршка што студентите ја добиваат уште од првиот ден на студиите. За искусните професионалци, на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк се нуди и Пан-европската извршна МБА програма, каде што дипломците се здобиваат со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, а се нуди избор од шест специјализации.

Грегори Дикеос, директор за студентска регрутација на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, истакнува дека предноста на британската диплома се чувствува директно на пазарот на трудот.

„Универзитетот Јорк е еден од најреномираните британски универзитети и добитник на Златна награда за квалитет на наставата. Студентите што студираат во Солун добиваат исто ниво на академски квалитет како и колегите во Велика Британија и дипломираат со диплома издадена од Универзитетот Јорк во Обединетото Кралство. Кога станува збор за кариерата, таа диплома претставува професионален пасош што се препознава низ целиот свет. Нашите дипломци се враќаат во своите земји со знаења и искуства што често придонесуваат за трансформација на нивните заедници и индустрии“, вели Грегори Дикеос.

Истото искуство го потврдува и Марија Спасовска, која во моментов е во втора година на катедрата за Бизнис администрација и економија.

„Иако сум студентка од втора година, веќе имав можност да учествувам на кариерниот ден што го организираше Универзитетот. Бев позитивно изненадена од нивото на работодавци со кои дискутиравме за потенцијална пракса и работа, а компаниите исклучително го ценат универзитетот затоа што добро се запознаени со нивото на образование што го стекнуваме. За мене студирањето во странство носи две дипломи, едната од завршените студии, а другата од сите лекции за животот што се учат токму во овие клучни години“, вели Марија Спасовска.

Дополнителна предност за студентите што размислуваат за бизнис кариера во технолошкиот сектор е тоа што Европскиот кампус на Универзитетот Јорк нуди и хибридна понуда на специјализации кои не се вообичаени за регионот: Компјутерски науки со насока во Бизнис информатика, како и засебни постдипломски програми по Вештачка интелигенција и наука за податоци. Тоа создава кадар што е истовремено технички подготвен и деловно ориентиран, комбинација која е една од најбараните на светските пазари.

Уписите за академската 2026-27 година се отворени, со достапни стипендии за македонските студенти. Сите детали се достапни на yorkeuropecampus.eu.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП