ПочетнаКОМПАНИИЕДС ја продолжува промотивната кампања: 2 години фиксна цена на струја и...

ЕДС ја продолжува промотивната кампања: 2 години фиксна цена на струја и подарок Hisense клима уред или Segway електричен тротинет

Поради исклучително големиот интерес од страна на компаниите, ЕДС ја продолжува и во текот на летниот период својата промотивна понуда за снабдување со електрична енергија со гарантирана фиксна цена во период од 2 години, надополнета со избор на вреден подарок – Hisense инвертер клима уред или Segway електричен тротинет.

Понудата, која е единствена од ваков вид на домашниот пазар, им овозможува на компаниите да обезбедат долгорочна стабилност на трошоците за електрична енергија, да се заштитат од евентуални пазарни флуктуации и истовремено да добијат дополнителна вредност за својот бизнис.

Интересот за кампањата досега е исклучително голем. Само во рамки на актуелната понуда, на клиентите кои склучија договор со ЕДС веќе им се доделени повеќе од 200 Hisense инвертер клима уреди и 20 Segway електрични тротинети. Дополнително, во рамки на претходната промотивна активност, која вклучуваше подарок кафе машина, ЕДС додели повеќе од 400 апарати на своите клиенти.

„Задоволни сме што компаниите ја препознаваат вредноста на понудата што ја креиравме. Денес, повеќе од кога било, бизнисите имаат потреба од предвидливост и сигурност во планирањето на своите трошоци. Со фиксна цена за период од две години, клиентите добиваат стабилност, а преку изборот на подарок и дополнителна вредност која сакаме да ја понудиме како знак на долгорочно партнерство и доверба“, изјави Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

Од компанијата посочуваат дека инвертер клима уредите претставуваат и енергетски ефикасно решение за ладење и греење, кое може да придонесе за дополнително намалување на потрошувачката на електрична енергија и на емисиите поврзани со конвенционалните начини на греење.

Како дел од PPC Group, една од најголемите енергетски групации во Југоисточна Европа, ЕДС продолжува да развива иновативни производи и услуги со кои на компаниите им овозможува поголема предвидливост, конкурентност и сигурност во услови на динамичен енергетски пазар.

Сите заинтересирани компании можат да побараат бесплатна пресметка за потенцијалните заштеди и персонализирана понуда преку веб-страницата на ЕДС, на телефонскиот број 02 55 14 100 или на e-mail адресата [email protected].

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП