Една од нашите најголеми ѕвезди, пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вечерва на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники.
Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на неговата повеќедецениската кариера создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ и многу други.
Во 1998 година Владо Јаневски беше првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија со „Не зори зоро“, отворајќи ново поглавје за македонската музика на европската сцена. Покрај соло кариерата, беше дел и од групите „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“, а како автор остави трага и во музиката на други изведувачи.
Владо Јаневски е роден на 27 ноември, 1960 година во Скопје.
Веста за неговата смрт предизвика голема тага кај сите, кои вечерва се простуваат од човекот кој остави богато музичко наследство.
Македонија се збогува со нашата голем аѕвезда, но неговата музика ќе остане вечна.



