18 април, 2024
ПочетнаАКТУЕЛНОНова истрага за местење резултати во англискиот фудбал

Нова истрага за местење резултати во англискиот фудбал

premier

Британската Агенција за борба со криминалот (НЦА) соопшти дека отворила нова истрага, откако лондонски „Сан“ објави тајно снимени изјави на фудбалери за местење на резултатите во англискиот фудбал.

Весникот ја известил полицијата за откритијата со кој располага и ги предал сите снимени материјали. Полицијата ги известила англиската фудбалска асоцијација (ФА) и британската комисија за кладење за наодите на „Сан„ и побара од нив целосна соработка во истрагата.

Во снимените материјали,поранешниот фудбалер на „Портсмут„ Сем Содџи тврди дека може да обезбеди, намарено да добие жолт картон и за тоа да добие 10 илјади фунти.

Овој некогашен играч во англиската Премиер лига и нигериски интернационалец раскажува како на еден меч удрил со тупаница противнички фудбалер,за да биде исклучен од теренот,па за тоа добил 70 илјади фунти.

Содџи се пофалил дека може да уреди местење на резултатот и во Премиер лигата, па дури и на претстојното Светско фудбалско првенство во Бразил.

Фудбалерот на клубот „Олдам„ Кристијан Монтано открива дека на еден меч со „Вулверхемптон„ постојано бркал по теренот еден од противничките играчи,само за да од судијата добие жолт картон.Монтано е поранешен фудбалер на „Вест Хем“.

Претставник на фудбалскиот клуб „Портсмут„ изјави дека е „вистински шокиран„ од откритијата,но тој призна дека е тажен од сознанието дека некои се обидуваат да местат фудбалски резултати,затоа што тоа го повредува интегритетот на фудбалската игра.

– Фудбалерот кој зборува за местењето на резултатите, не е повеќе член на „Портсмут“, но нашиот клуб ќе соработува во истрагата на НЦА, рече претставникот на овој клуб,поранешен премиерлигаш и освојувач на Купот.

Откритијата на „Сан“ доаѓаат по наодите на „Дејли Телеграф“ за тоа дека странска фирма од Сингапур,за спортско обложување ,учествува во местењето на резултатите во пониските фудбалски лиги во англискиот фудбал.По пишувањеето на „Дејли Телеграф“ британската НЦА почна истрага за криминалот во фудбалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП