ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБрисел има план: Еве како „побрзо“ да се влезе во ЕУ

Брисел има план: Еве како „побрзо“ да се влезе во ЕУ

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите кандидати за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки дури и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку функционери, објави денес Брисел за Политико.

Предлогот се базира на концептот на „постепена интеграција“, според кој земјите кандидати би добиле поголем пристап до програмите на ЕУ, финансирањето, трговските олеснувања и делови од единствениот пазар, во согласност со напредокот во спроведувањето на реформите.

За разлика од претходните идеи за „полесно членство“, кои наидоа на отпор во главните градови на ЕУ, овој модел нема да им додели политички права на членство пред целосен влез, туку би се фокусирал на економски и функционални придобивки.

Според планот, обемот на придобивките би се одредувал индивидуално за секоја земја, во зависност од усогласеноста со правилата на ЕУ и спроведените реформи.

Како што рекоа функционерите, целта е дополнително да се мотивираат земјите кандидати да продолжат со политичките и економските промени иако полноправното членство е сè уште далеку.

Земјите-кандидатки како Украина и Молдавија веќе би можеле да бидат вклучени во одредени програми, додека напредокот на другите би зависел од динамиката на реформите и процесот на преговори, според експертите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП