ПочетнаЕКОНОМИЈАЛани во Македонија од насилна смрт починале 546 лица

Лани во Македонија од насилна смрт починале 546 лица

Застрашувачки податоци. На годишно ниво расте бројот на убиства во Македонија. Официјалните податгоци на Државниот завод за статистика покажува дека во 2025 година бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 6.8 % во однос на претходната година и изнесува 546 умрени лица.

Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.7 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2025 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 68.5 %. 

Податоците на државните статистичари покажуваат дека во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи, кои учествуваат со 82.2 %, самоубиствата со 14.8 % и убиствата со 2.9 %.
 
„Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 43.4 % во вкупниот број случаи од насилна смрт. Во категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 7.1 % во вкупниот број случаи од насилна смрт. Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје имаат најголемо учество со 1.5 % во вкупниот број случаи од насилна смрт“, се наведува во извештајот на ДЗС.

Податоците од извештајот покажуваат дека од 546 починати лица од насилна смрт 374 се мажи а 172 се жени. Најмногу од нив биле евидентирани како несречни случаи, 449 односно 449 случаи. Доколку се видат податоците за несреќите, животот го загубиле 310 мажи и 139 жени. Во текот на 2025 година се случиле 81 самоубиство, односно животот сами си го одземале 55 мажи и 26 жени. Во категоријата убиства се регистрирани 16 во текот на целата ланска година, а убиени биле 9 мажи и 7 жени.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП